ВТОРА  МЕЃУНАРОДНА  КОНФЕРЕНЦИЈА
ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО МАТЕРИЈАЛИ
- ЕКОНОМСКА ОПРАВДАНОСТ ВО
ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАДОТ

28-30 Септември 2011-Скопје, Македонија
Бизнис центар - Скопски Саем

 
 
>>Почетна<<
>>Покана<<
>>Флаер -pdf<<
>>Повик за трудови<<
>>Техничка изложба<<
>>Пријави за учество<<
>>Спикери<<
>>Излагачи<<
>>Програма<<
>>On-line пријавување<<
 
ADKOM KHS Drisla

Почитувани,

            Со задоволство Ве покануваме на втората меѓународна конференција на тема:
   Одржливо управување со материјали – економска оправданост во постапување со отпадот која ќе се одржи од 28 до 30 Септември 2011 година во Бизнис Центарот на Скопски саем во Скопје.

     Големите количини на отпад стануваат проблем број еден особено во големите градови заканувајќи се директно по здравјето на луѓето и околината а индиректно на загадувањето на воздухот, почвата и водата. Сите наведени согледувања беа повеќе од доволен повод АДКОМ, ЈП Комунална хигиена – Скопје и ЈП Депонија Дрисла Скопје да ја организираат втората меѓународна конференција каде што ќе се проговори за односот не само кон природата туку и за односот кон самите себе. Анимирајќи ги експертите кои ја третираат човековата околина, посебно отпадот, се надеваме дека ќе успееме да испратиме издржан глас за правецот во кој треба да се движиме и начинот на кој треба да ја третираме околината.

     Отпадот е последица на човековите активности а одржливиот развој еден од императивите на денешницата. Постапувањето со отпадот е составен дел на одржливото управување со материјалите кое мора да има своја директна и индиректна економска оправданост. Тематските подрачја се внимателно одбрани при што нашите очекувања се дека експертите и специјализираните институции и компании ќе најдат потреба и интерес да ги кажат своите видувања, достигнувања, актуелни ангажирања и можности за соработка.
Доколку темите кои се обработуваат на оваа конференција се во тесна поврзаност со Вашиот делокруг на работа и побудат кај вас интерес, со задоволство Ве покануваме за учество на конференцијата. (прилог – флаер)

     Во рамките на конференцијата ќе се одржи и техничка изложба на комунални возила и опрема за управување со отпад (преку закупување на штанд) кој на сите компании и фирми вклучени во третманот на сите видови отпад како и производителите на возила и опрема ќе им  овозможи претставување на своите активности, производи и новата генерација на опрема.

     Земајќи го во предвид од една страна значењето на конференцијата, нејзиното маркетиншко претставување пред повеќе земји во светот, подршка од ISWA, потврденото присуство на Претседателот на  ISWA  и респектабилни светски компании, а од друга страна ограничениот изложбен простор, во колку позитивно одговорите на нашата покана, Ве молиме да ја пополните пријавата која во прилог Ви ја испраќаме. (прилог-техничка изложба)

     За сите дополнителни информации можете да ја контактирате канцеларијата на АДКОМ на следниот телефонски број: 02/ 2461 - 971.

Со почит,