ПОВИК ЗА ТРУДОВИ
Отпадот е последица на човековите активности а одржливиот развој еден од императивите на денешницата. Постапувањето со отпадот е составен дел на одржливото управување со материјалите кое мора да има своја директна и индиректна економска оправданост. Тематските подрачја се внимателно одбрани при што нашите очекувања се дека експертите и специјализираните институции и компании ќе најдат потреба и интерес да ги кажат своите видувања, достигнувања, актуелни ангажирања и можности за соработка.
Тематските подрачја:
- Национално и меѓународно законодавство во управувањето со отпадот-искуства;
- Интегрирано управување со отпад – рационализации во селекција, рециклирање, транспорт;
- Можности за инвестирање во управувањето со отпадот во Р.Македонија;
- Проценка на енергетскиот потенцијал на отпадот-методи за искористување;
- Постапување со разни видови на отпад;
- Опции за одржлив систем во постапување со отпадот-Јавни претпријатија, јавно приватно партнерство и концесионерство;
- Постапување со отпадот како услужна стопанска дејност од јавен карактер;
- Здравствено еколошки аспекти во управување со отпадот;
- Проценка на ризик на работно место во комуналните претпријатија
Техничка изложба
Во рамките на конференцијата во холот на салата ќе се одржи изложба на производи и опрема кои се однесуваат на конференциските теми.
Компании и фирми можат да ги презентираат своите активности,производи и опрема кои се однесуваат на конференциските теми на изложбени штандови. Изложбените штандови ќе бидат поставени на приземјето во Бизнис центарот на Скопски саем, непосредно до конференциската сала.
Организатори:
АДКОМ- Здружение на даватели на комунални услуги дејност на Р.Македонија
ЈП Комунална Хигиена –Скопје-најголемо претпријатие во управување со отпад во Р.Македонија,100 години искуство,покрива 30% од населението и правните субјекти во државата
ЈП Депонија ДРИСЛА-единствена и најголема санитарна депонија со иселератор за согорување на медицински и фармацевтски отпад во Р.Македонија
Соорганизатори:
Управа за животна средина-МЖСПП
Сектор за животна средина и Сектор за комунални работи на Град Скопје
Организациски Одбор
- Г-дин Зоран Илиоски-Претседател на АДКОМ
- Г-дин Музафер Мурати Подпретседател на АДКОМ
- Г-дин Ракип Дочи Генерален Директор-ЈП Комунална Хигиена Скопје
- Г-дин Горан Ангелов –Генерален Директор ЈП Депонија ДРИСЛА
- Г-дин Игор Спасовски-Генерален Директор на ЈКП Солидарност Виница
- Г-ѓа Лолита Стојановска-Извршен Директор на АДКОМ
- Г-дин Никола Мицевски-Генерален Директор ЈП Исар Штип
Редакциски одбор
- Филип Иванов-МЖСПП Директор на Управата за животна средина/Координатор на Редакциски Одбор
- Проф.Др.Благој Голомеов-Универзитет Гоце Делчев-Штип ,Декан на факултет за технички науки
- Дејан Мираковски- Универзитет Гоце Делчев-Штип, Продекан на факултет за технички науки
- Проф.Др.Мирко Трипуноски, ФОН Универзитет
- Проф.Др. Елисавета Стикова,Универзитет Кирил и Методиј-Скопје,Медицински Факултет
- Др.Биљана Ангелова,Економски институт-Скопје
- Бранкица Андоновска, ЈП Дрисла-Скопје, Советник по заштита на животна средина
- Милчо Биљановски, ЈП Комунална хигиена-Скопје, Советник за управување со цврст и опасен отпад
Време и место на одржување
Конференцијата ќе се организира во време траење од два дена.Во текот на конференциските денови покрај работниот дел ќе има и коктел за добредојде на гостите од странство, свечен вечера и разгледување на знаменитостите на Скопје.
Конференцијата ќе се одржи во Бизнис Центарот на Скопски саем во период од 28-30 Септември 2011.
Котизација
Котизацијата е задолжителна за сите учесници на конференцијата
Сите учесници на конференцијата плаќаат котизација во вредност од 4.500,00 денари со вклучено ДДВ.
Во котизацијата е вклучено: присуство на коктел за добредојде-28 Септември,учество на конференција и посета на изложбената сала, зборник на трудови, конференциски сет-(ташна, тефтер, пенкало, беџ, пропаганден материјал), ручек, освежување и кафе паузи за време на конференциските денови, разгледување на знаменитостите на Скопје-29 Септември и присуство на свечена вечера-29 Септември.
Пријавување на стручни трудови
Авторите кој сакаат да презентираат стручни трудови се повикуваат да достават апстракт од максимум половина страна, не подоцна од 10 Јули 2011год. на следната меил адреса adkom@t-home.mk .
Пријавата треба да содржи:
-име на авторот
-наслов на презентацијата
-e-mail адреса, поштенска адреса и телефон за контакт
-одбрана форма на презентација: усна или постер (Редакцискиот одбор го задржува правото да го одреди начинот на презентација)
-при пишување треба да се користи Times New Roman фонт со големина 12.
Текстот треба да содржи:
- Цел на трудот
- Резултати
- Заклучок
Комплетниот стручен труд треба да биде испратен најдоцна до 01 Септември 2011 и да не биде поголем од 10 страници.
Работни јазици
Работни јазици на конференцијата се македонски и англиски со обезбеден симултан превод.
Рокови
10 Јули-Испраќање на апстракти
01 Септември-Предавање на комплетен труд
20 Септември-Плаќање на котизација
Сместување и превоз
Сместувањето и превозот се во сопствена режија на учесниците.
Резервирано е сместување во Хотел Континентал по намалени цени за учесниците. Хотел Континентал се наоѓа веднаш до Бизнис Центарот на Скопски Саем и е на само 20 минути пешачење од центарот на Скопје.
Пријавување
Пријавување за конференцијата може да се изврши на:
Тел./факс +389 2 2461 971
e-mail: adkom@t-home.mk
On-line-www.adkom.org.mk
Моб: +389 78 861 501 контакт лице Фани Карамиха Птрушева
Адреса: АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги на Република Македонија-Бул.Јане Сандански бр.79А локал 12,1000 Скопје. |