>>> К О Н Ф Е Р Е Н Ц И Ј А   2 0 1 1<<<    почетна  |  EN  |  SH
Здружение на даватели на комунални услуги
    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
    
Конференција
 
 
 


   Добиен проект од МЖСПП – усогласување на работењето во ЈКП и ЕЛС со законите за управување со отпад и заштита на животната средина

  По објавувањето на резултатите од конкурсот за распределени средства АДКОМ потпиша договор со МЖСПП за реализација и спроведување на проектот за усогласување на работењето во ЈКП и ЕЛС со законите за управување со отпад и заштита на животната средина. Реализацијата на овој проект е планирана со одржување на девет работилници по три во Скопје, Охрид и Гевгелија на која би учествувале по шеесет учесници раководни лица, оперативци, логистика и администрација од ЈКП и ЕЛС. Со спроведување на овој проект треба да се обезбедат и споделат основни-практични сознанија и параметри за третман на отпадот воедно со овој проект ќе се овозможи перманентна едукација и подигнување на јавната свест во делот на оджувањето на комуналната хигиена.


   Добиено одобрение за прозиводство на храна ЈКП Солидарност Виница

  ЈКП Солидарност Виница од 01.06.2010 год има добиено решение од Министерството за здравство – Дирекција за храна во Виница за производсво на храна во објектот – фабрика за вода во просторот лоциран м.в. Цигански рид Виница, ова решение ќе биде евидентирано во објекти за производство на храна како водоснабдителен објект во кој се врши производство и дистрибуција на вода за пиење. Со ова решение ЈКП Солидарност Виница ги исполнува условите и критериумите пропишани според НАССАР стандардите за производство на вода за пиење.


   Состанок на комисија за пазари на АДКОМ 17.06.2010 год.

  Комисијата за пазари на состанокот завзема одредени ставови кои се однесуваат на тековното работење на ЈКП во делот на пазари. Членовите се сложија да се изготви измена во делот на правилникот за санитарно хигиенски услови, да се известат одговорните лица во ЕЛС во однос на дивите продавачи на зелените пазари и да се поднесе иницијатива за измена во законот во делот на казнените одредби.


   Испратен став по однос на новиот Закон за батерии и акумулатори 15.06.2010 год.

  Согласно заклучокот од комисијата за комунална хигиена и одржување на паркови и зелени површини по однос на новиот Закон за отпад од батерии и акумулатори АДКОМ испрати допис во кој го наведе мислењето во однос на овој закон кој е во фаза на изготвување наведувајќи ги своите предлози и укажувања наведувајќи дека проблематиката која е третирана во предметниот закон може да се реши со подзаконски акт, правилник или уредба. Комисијата за комунална хигиена и одржување на паркови и зелени површини во дописот посочи дека во Република Македонија нема званични употребливи податоци за количините на батериите кои се фрлаат или завршуваат во кумуналниот отпад.


   Испратена иницијатива за измена и дополна на Закон за управување со отпад 08.06.2010 год.

  До Министерството за животна средина и просторно планирање од страна на АДКОМ е испратена иницијатива за измена и дополна на Законот за управување со отпад за измена во член 43 став 9. Со оваа измена ќе се елиминираат погрешните толкувања на одредбите од цитираниот член како правилно би се спроведувале одредбите од законот.


   Состанок на Комисија за комунална хигиена и одржување на паркови и зелени површини 03.06.2010 год.

  Членовите на комисијата за комунална хигиена и одржување на паркови и зелени површини на состанокот донесоа заклучок по однос на изготвувањето на новиот закон за отпад од батерии и акумулатори да се испрати мислење до изготвувачот во кое ќе се укаже на можноста тоа да се реши со подзаконски акти. Исто така на овој состанок се донесе заклучок за изготвување на иницијативен план за управување со отпад на ниво на општини за три години и оперативни планови за ЈКП.


   Состанок на комисија за економско – правни работи на АДКОМ 03.06.2010 год.

  На овој состанок членовите на комисијата завземаа став да се стапи во контакт со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија со цел да се соберат податоци за бројот на корисниците на социјална помош контактирајќи ги центрите за социјална работа по општини како би се изготвила база со точен број на корисници на социјална помош. Воедно на овој состанок членовите на комисијата завземаа став да се изготви анализа на ниво на цела држава за утврдување на најсоодветната мерна единица за наплата на смет.


   Присуство на делегација од АДКОМ на работилница во Драч Албанија 28.05.2010

  На покана на Албанската асоцијација на комунални претпријатија делегација од АДКОМ присуствуваше на работилницата која беше организирана на тема: Мониторинг и изведба во Западен Балкан и работилница за бенчмаркинг. На оваа работилница Г-дин Мурати Директор на ЈКП Пролетер Ресен и Заменик Претседател на У.О на АДКОМ имаа презентација за бенчмарингот во Р.М. Од делегацијата на АДКОМ работилницата беше оценета како многу успешна и од оваа работилница произлезена е идеа за формирање на федерација на земјите од западен балкан за бенчмаркинг со можност за размена на податоци која размена е многу корисна во тековното работење на ЈКП.


   Собрание на АДКОМ 18.05.2010 год.

  Собранието на АДКОМ се одржа на 18.05.2010 год во Хотел Парк Неготино. На ова собрание учествуваа делегатите на Собранието на АДКОМ и се дискутираше за усогласување на Статутот на АДКОМ со новиот Закон за здруженија и фондации. Согласно новиот закон АДКОМ има промена во својот назив и наместо асоцијација името во целост гласи Здружение на даватели на комунални услуги на Република Македонија – АДКОМ.


   Состанок со претставници од МТВ за закон за гробишта 13.05.2010 год.

  Во просториите на АДКОМ се одржа состанок по однос на Законот за гробишта и погребални услуги со претставници од Министерството за транспорт и врски. На овој состанок се дискутираше за покренатата иницијатива за измена и дополнување на горе споменатиот закон и проблемите со кои се соочуваат ЈКП при имплементација на истиот.


   Седумнаесетта Седница на У.О 05.05.2010 год.

  Седумнаесеттата седница на У.О на АДКОМ се одржа на 05.05.2010 год во Скопје. На оваа седница членовите на У.О на АДКОМ дискутираа за можноста за заедничка набавка на комунални возила која набавка би се извршила преку ЗЕЛС. За таа цел до сите членки на АДКОМ беше испратен прашалник во кој ќе треба да бидат наведени приоритетите при набавка на возилата.


   Присуство на прва седница на Комисија за комунални дејности при ЗЕЛС 28.04.2010 год.

  На покана на Претседателот на Комисијата за комунални дејности на ЗЕЛС Г-дин Жика Стојановски од страна на АДКОМ присуствуваа Претседателот на У.О Г-дин Илиоски и Извршниот Директор на АДКОМ Г-ѓа Стојановска. На оваа седница се расправаше за тековните состојби со примена на прописите од областа на комуналните дејности и воочување на евентуалните пречки за непречено остварување на оваа надлежност од општините, се разгледуваше иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавна чистота и дискусија во однос на состојбите со општинските ЈКП.


   Состанок на правна комисија на АДКОМ 28.04.2010 год.

  Членовите на правната комисија на АДКОМ на одржаниот состанок го разгледуваа новиот Закон за здруженија и фондации, по кој секое здружение треба да го усогласи својот Статут со барањата на новиот Закон и да изврши пререгистрација на истото. Од страна на комисијата се укажа во кој членови треба да се направи измена и потоа пречистениот текст да се усвои од Страна на Управниот Одбор и да се испрати до делегатите на АДКОМ кој на седница на Собрание треба да ги усвојат измените и истите да се поднесат до Централниот Регистар на Р.М.


   Испратена иницијатива за измена и дополнување на Закон за отпад  до  ЗЕЛС 27.04.2010 год.

  На 27.04.2010 год. во ЗЕЛС е предадена иницијатива за измена и дополна на Закон за управување со отпад во кој се бара дополнување во членот 43 став 9, каде предлагаме да точката се брише и се додадат зборовите: „и кои имаат склучено договор (дозвола) со општините односно градот Скопје за собирање и транспорт на комунален и друг вид неопасен отпад„.
  Со оваа измена ќе се елиминираат погрешните толкувања на одредбите од цитираниот член како и правилно ќе се спроведуваат одредбите како на Законот за управување со отпад така и на Законот за локална самоуправа и Законот за градот Скопје.


   Поднесена иницијатива за изменување и дополнување на Закон за гробишта и погребални услуги 27.04.2010 год.

  АДКОМ поднесе  иницијатива за измена и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги бидејќи ЈКП се соочуваат со проблеми за имплементација на овој закон а Државниот комунален инспекторат редовно врши инспекциски контроли и преку писмени укажувања и решенија се наложува спроведување на законот. Поради тоа АДКОМ покрена иницијатива за итна измена и дополнување на глава 5, член 20, измена и дополнување  на член 17, можност за законско воведување на солидарен погреб, можност за дозволите за погребување во селата и др. населени места да бидат издавани од страна на оператор за погребални услуги.   


   Во Прилеп нова административна зграда на ЈП Водовод и канализација 25.04.2010 год.

  Како дел од грантот во висина од 9,2 милиони евра, кој што германската Влада го донираше преку КФВ банката, за неполни две години, ЈКП „Водовод и канализација" од Прилеп, доби нова современа административна зграда. На површина од околу 1.600 квадратни метри  се наоѓа современ објект од каде што со дигитална опрема ќе се следат сите параметри во водоснабдувањето, далечинско следење и управување со водата, далечинско регулирање на хлорот во водата, а ќе се намалат и загубите на вода кои градот досега ги имаше. Воедно, преку опремата со која располага објектот, во секој момент ќе се знае колкав е протокот на вода, дали на одредено место постојат некакви загуби или пак има некаков дефект во водоводната мрежа.
  Развојот на технологијата и новата опрема ќе овозможат регулација и контрола на водоснабдувањето во целиот град, редуцирање на загубите од водоводната мрежа, исполнување на условите за здравствена исправност на водата за пиење и анулирање на можноста на појава на недостиг од вода во одредени реони во градот.


   Одобрена апликација за проект со БАЛКАН НЕТ 23.04.2010 год.

  АДКОМ во соработка со Балкан Нет Македонија аплицираше и доби известување дека апликацијата е одобрена и прифатена за проектот - Подобрување>на менаџерските капацитети на ЈКП во Р.М и Р.Албанија. Временската рамка за спроведување на  овој проект ќе биде средината на Септември 2010 година и планирано е да се организира работилница во време треање од една работна недела. На оваа работилница се планира да земат учество финансови и технички лица од ЈКП. За имплементација на сегментите на овој проект ангажирани ќе бидат експерти од Австриската консултантска куќа КПЦ.


   Четврта седница на координативниот комитет на проектот за подобрување на општинските услуги 19.04.2010 год.

  На четвртата седница на координативниот комитет на проектот за подобрување на општинските услуги се разгледуваѓе е извештајот за работењето на МСИП проектот за периодот од 01.07.2009 до 31.12.2009 год., статусот на активности поврзани со проектот за подобрување на општинските услуги во општините,предлог за поддршка на активностите на МСИП проектот од страна на консултанската куќа БРЛи, договор за под-заем меѓу Министерството за Финансии и општина Богданци за имплементација на под-проект за реконструкција на јавното осветлување на територија на општина Богданци.


   44 седница на Комисија за транспорт, врски и екологија на Собрание на Р.М 15.04.2010 год.

  На оваа јавна расправа на 44 –та седница на Комисијата за транспорт,врски и екологија на Собранието на Р.М како претставници од АДКОМ присуствуваа Извршниот Директор на АДКОМ Г-ѓа Стојановска и Г-дин Билјановски од ЈП Комунална Хигиена Скопје. Тема на оваа седница беше депонии и собирање на отпад,преглед на надлежностите на Владата на Р.М и на општините, со посебен осврт на регионалната депонија Русиново. На јавната расправа преставниците на АДКОМ го изнесоа мислењето по однос на Законот за управување со отпад и неговите подзаконски акти кои во пракса тешко се спроведуваат најчесто заради немање соодветна механоопременост и кадровска екипираност.


   Комисија за економско правни работи - 14.04.2010 год.

  Комисијата за економско-правни работи на АДКОМ на состанокот дискутираше за иницијативата за предлог измена на законот за гробишта и погребални услуги за кој веќе има изготвено текст. Изготвената иницијатива ...... повеќе   


   Работилница – ИПА Фондови-Неготино 08.04.2010 год.

  АДКОМ во соработка со Одделението за предпристапна помош при Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.М одржа работилница на 08.04.2010 год во Неготино на која беа поканети ЈКП и ЕЛС. Ова е прва работилница ...... повеќе   


   Состанок на комисија за водоснабдување 07.04.2010 год.

  На овој состанок работна група од комисијата за водоснабдување и канализација и претставник од Министерството за транспорт и врски на Р.М. работеа на Правилникот за начинот на одржување и заштита на водоснабдителен и канализационен систем. Бидејќи се наиде на многу забелешки на Предлог Правилникот изготвен од страна на АДКОМ како заклучок од овој состанок произлезе дека Министерството за транспорт и врски ќе  формира работна група од нивна страна и претставници од АДКОМ и во најскоро време ќе се започне со изработка на овој Правилник.


   Поднесена иницијатива за регулаторна комисија 06.04.2010 год.

  Од страна на АДКОМ со одлука на членовите на У.О поднесена е иницијатива за формирање на регулаторна комисија за формирање на цена на вода. Барањето е испратено до Влада на Р.М – Премиерот Г-дин Груевски, Министерство за транспорт и врски на Р.М – Министерот г-дин Јанакиевски и ЗЕЛС до Претседателот Г-дин Трајановски. Во барањето е наведено можното решение за формирање на национална регулаторна комисија и е наведен главниот предуслов да членовите бидат луѓе со интегритет и да имаат потребни технички вештини. Воедно е наведено и мислењето дека регулаторот ќе биде во позиција да го оценува квалитетот и цената на фер начин со што ќе бидат задоволени интересите на корисниците и на претпријатијата.


   Меѓународна конференција за отпадни води,комунален цврст отпад и опасен отпад – Суботица 29.03 – 01.04.2010 год.

  Меѓународната конференција за отпадни води, комунален цврст отпад и опасен отпад беше организирана од страна на Здружението за технологија на вода и санитарно инжењерство во соработка со Стопанската комора на Србија и на истата присуствуваа претставници од ЈКП од Р.Македонија...... повеќе   


   Шеснаесета седница на Управниот Одбор на АДКОМ 26.03.2010 год.

  Управниот Одбор на АДКОМ својата шеснаесета седница ја одржа во Скопје во просториите на ЈП Комунална Хигиена. На оваа седница се дискутираше за активностите кои следат во идниот период и за барањето за организирање на работилници од страна на членовите на комисиите во АДКОМ. Членовите на У.О завземаа став дека дел од предложените работилници би требало да се организираат за кои сметаат дека се корисни за тековното работење. На оваа седница членовите на У.О донесоа заклучок да се испрати допис за покренување на иницијатива за формирање на регулаторна комисија за одредување на цената на водата до ЗЕЛС, Министерство за транспорт и врски на Р.М и Влада на Р.М. Воедно членовите на У.О ја задолжија стручната служба на АДКОМ да закаже состанок во Министерството за труд и социјала поради итноста од податоците за социјалните случаи и барање за разрешување на проблемите што ги имаат Јавните Комунални Претпријатија во државата со бројот на домаќинства-корисници на социјална помош во Р.М. кој поради економската немоќ не ги плаќаат сметките за комунални услуги.


   Комисија за комунална хигиена и одржување на паркови и зелени површини 16.03.2010 год.

  Комисија за комунална хигиена и одржување на паркови и зелени површини својот прв состанок го одржа на 16.03.2010 год. За претседател на комисијата беше избран Г-дин Билјановски од ЈП Комунална Хигиена Скопје и се донесе заклучок дека до 31.03.2010 год. ќе се достават предлози за изготвување на план за активности на комисијата за 2010 год.


   Комисија за водоснабдување и канализација 16.03.2010 год.

  Комисијата за водоснабдување и канализација на АДКОМ одржа состанок на кој за претседател на комисијата го избра Г-дин Ивановски од ЈП Водовод Куманово и ги донесоа следниве заклучоци: АДКОМ да изготви деловник за работа на комисијата, во врска со правилникот за начинот на одржување на водоснабдителен и канализационен систем да се организира состанок на кој ќе се разгледаат сите забелешки по однос на овој правилник, во делот на законските пречки да се изготви листа и истата да се достави до 31.03.2010 год до АДКОМ, да се дискутира на наредната седница на У.О во делот на формирање на регулаторно тело за формирање на цената на вода, да се организраат работилници за: НАССАР, Скада систем развој и реализација, работилница за далечинско отчитување на водомери како и работилница за ИСО стандарди.


   Комисија за погребални услуги 10.03.2010 год.

  Комисијата за погребални услуги на АДКОМ одржа состанок на 23.02.2010 год. Каде присутните се сложија да се изготви иницијатива за измена и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги тоа: измена и дополнување на глава 5 (член 20) каде ќе се дефинира надлежноста на локалната самоуправа, иницијатива за изменување и дополнување на член 17, можност за законско воведување на фонд за солидарен погреб, измена и дополнување на член 30 став 2 која се однесува на можноста за издавање на дозволи за погребување од страна на управителот.
  Присутните членови на комисијата завземаа став дека вака изготвената иницијатива да се даде на усвојување на наредната седница на У.О на АДКОМ а потоа истата да биде доставена до Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС.


   Прва конференција на WOP во Атина 02.03.2010 год.

  На покана на WOP за учество на конференцијата во Атина на 02.03.2010 год. (Организација за регионално здружување на операторите за вода) претставник  од страна на АДКОМ беше Г-дин Игор Спасовски Генерален Директор на ЈКП Солидарност Виница. Идеата за формирање на ваков вид на канцеларија...... повеќе   


   Комисија за погребални услуги 23.02.2010 год.

  Комисијата за погребални услуги на АДКОМ на 23.02.2010 год. одржа состанок на кој се дискутираше за Законот за гробишта и погребални услуги - проблеми поврзани со наплатата на солидарниот погреб. Членовите на комисијата заклучија дека АДКОМ треба да спроведе анкета за солидарните погреби и колку се наплаќа и да организира состанок на правно - нормативната комисија на АДКОМ за да изготват иницијатива за измена и дополна на законот за гробишта и погребални услуги во делот на прашањето за управител и оператор и изнаоѓање на решение за солидарен погреб.


   Семинар ТАКСО - 22.02.2010 год.

  На 22.02.2010 беше организиран семинар од страна на проектот за техничка поддршка за граѓанските организации - ТАКСО кој е дел од структурата ИПА за поддршка на граѓанското општество и ќе се спроведува во земјите на Западен балкан и во Турција. Целта на овој проект е да го зајакне граѓанското општество во рамките на партиципативната демократија за зајакнување на капацитетите и отчетноста на граѓанските организации преку што ќе се гарантира за квалитетот на услугите на граѓанските асоцијации. На овој семинар присутните биле известени за новиот закон за здруженија на граѓани и фондации по кој секое здружение ќе треба да изврши пререгистрација.


   Состанок на правна комисија 18.02.2010год.

  На овој состанок правната комисија на АДКОМ детално го разгледуваше акциониот план за измена на закони од комуналната дејност и се поставија рокови за поднесување на одредени иницијативи во следниот период.


   Петнаесета седница на У.О на АДКОМ 11.02.2010 год.

  Петнаесетата седница на У.О на АДКОМ се одржа во Виница и покрај членовите на У.О и надзорниот одбор на АДКОМ беа поканети и присуствуваа директорите на ЈКП од Делчево, М.Каменица и Пехчево. На оваа седница се донесе Одлука на У.О за распределба на преостанатиот дел од донацијата од АДА. Присутните завземаа став по однос на барањето на приватни фирми за членување во АДКОМ,се донесе Одлука за преструктуирање и формирање на комисиите во АДКОМ.Членовите на Управниот одбор и Надзорниот Одбор на АДКОМ дискутираа за спроведување на акциониот план за измена и дополнувања на Закони кои се тесно поврзани со работењето на ЈКП. На оваа седница присутните завземаа став да се продолжи активноста за формирање на регулаторна комисија.


   Седница на Комитет за решавање на проблемите поврзани со состојбата со управување со отпад 09.02.2010 год

  Тринаесеттата седница на Комитетот за отпад при Владата на Република Македонија, имаше за цел ревидирање на состојбите со имплементација на Законот за отпад и вклученост на сите релевантни чинители во извршувањето на истиот ...... повеќе   


   Отпишани камати, три годишен грејс период и можност за плаќање на 120 еднакви рати за санирање на долговите на јавните претпријатија

  По донесување на Законот за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговски друштва, основани од Република Македонија, општините и Град Скопје, Јавните претпријатија добија можност да го разрешат прашањето со натрупаните долгови и да се посветат на поквалитетно извршување на својата функција, во корист на граѓаните. Даночните должници кои целосно ќе го отплатат даночниот долг според условите пропишани со овој закон, нема да се задолжат со обврска за плаќање на камата на даночниот долг. Услов за плаќање на долгот на рати е редовно плаќање на новите даночни обврски.


   СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ-Белград 04-05.02.2010 година

  Од страна на здружението за технологија на вода и санитарно инжењерство во Белград на 04 и 05.02.2010 год. беше организирано стручно советување на тема: Методологија за намалување на загубите на вода и зголемување на ефикасноста во водоводните системи. На ова советување присуствуваа дел од членките на АДКОМ со цел да се запознаат со новините во делот на намалување на загубите на вода.


   ГОДИШНО СОБРАНИЕ 18.01.2010 година

  Годишното собрание на АДКОМ се одржа на 18.01.2010 год. во Охрид, во Хотел Гранит на кое присуствуваа членките на АДКОМ како и останати ЈКП во држвата и гости од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
  На ова гдишно собрание беше презентирана работата на У.О во текот на 2009 год од страна на претседателот на У.О Г-дин Илиоски.
  Извршниот Директор на АДКОМ Г-ѓа Стојановска пред присутните даде осврт за работењето на АДКОМ во текот на 2009 год. и ја презентираше  програмата за работа на АДКОМ за тековната 2010 год.


   Четиринаесетта седница на У.О. на АДКОМ 17.12.2009 год.

  Четиринаесетата Седница на У.О. на АДКОМ се одржа на 17.12.2009 год. и на неа се разгледа извештајот за работа на АДКОМ за 2009 год. и Предлог програмата за работа со предлог финансов план за 2010 год.
  Истата ќе биде презентирана на годишното Собрание на АДКОМ кое ќе се одржи на 18.01.2010 год. во Охрид.

   Донација на водомери од Австриска амбасада

  Австриската амбасада во Р.Македонија преку својата техничка служба во АДКОМ достави донација од 800 водомери кои беа распределени на членките на АДКОМ. Распределбата се изврши според регионална поделба и беа опфатени осум региони. Донацијата е поделена на следните ЈКП ...... повеќе   

   Работилница за ЈПП во регионално управување со отпад 03.12.2009 год.

  Во соработка со АДКОМ, Меѓународната финансиска корпорација членка на групацијата на Светска банка и програмата за интегрирано управување со цврст отпад организираше работилница на тема: Јавно приватно партнерство во регионалното управување со цврст отпад на 03.12.2009 година во хотел Континентал Скопје. ...... повеќе   

   Состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - 26.11.2009 год.

  На 26.11.2009 год. Директори од ЈКП, Градоначалници и Директори на Водостопанските претпријатија одржаа состанок со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и Директорот на Управата за водостопанство со цел да се изнајде заедничко решение за проблемот со покачување на цената на сирова вода.

   Тринаесетта седница на Управниот Одбор на АДКОМ - 26.11.2009 год.

  Тринаесетата седница на У.О на АДКОМ се одржа на 26.11.2009 год во Скопје во извршната канцеларија на АДКОМ. На оваа седница беше поканет да учествува Градоначалникот на Општина Илинден Г-дин Стојановски кој воедно е и претседател на комисијата за комунални дејности во ЗЕЛС ...... повеќе   

   Работилница за примена на Законот за јавни набавки 10.11.2009 год.

  АДКОМ во соработка со Бирото за јавни набавки на 10.11.2009 год во Скопје организираше еднодневна  интерактивна работилница  за вработените во ЈКП на тема:  Секторски договори и рамковни спогодби.
  На оваа работилница од страна на вработените во Бирото за јавни набавки беше даден опфат и исклучоци од примена на законот за јавни набавки како и за секторските договори и рамковните спогодби.
  Оваа работилница беше добра можност за вработените во ЈКП директно да ги разјаснат нејаснотиите во тековното работење со изготвувачите на законот.

   Состанок на правно-нормативна комисија за водоснабдување 27.10.2009г.

  Состанокот на правно - нормативната комисија и комисијата за водоснабдување и канализација се одржа на 27.10.2009 год. На овој состанок членовите на двете комисии дадоа свое видување по однос на иницијативата за формирање на регулаторно тело за одредување на цената на водата.
  На овој состанок присутните завземаа став дека во најкус можен рок ќе бидат разгледани законските можности за формиарање на ова тело и воедно ќе ги разгледаат начинот и функционирањето на регулаторните комисии во западно европските земји.

   Состанок со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.М-26.10.2009г.

  На 26.10.2009 год. Извршниот Директор на АДКОМ заедно со претставници од Управниот Одбор одржаа работна средба со Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство на Р.М Г-дин Димовски. На оваа средба Министерот беше запознаен со состојбата за покачување на цената на сировата вода во одредни ЈКП.
  Министерот Димовски ги извести преставниците на АДКОМ дека ќе се разгледаат сите барања кој ги има доставено АДКОМ до Министерството и по писмен пат во АДКОМ ке испрати известување по однос на овој проблем и ќе се направи се да нема пречки во тековното работење на ЈКП.

   Единаесетта седница на У.О. со МЦМС и КС Норвешка 19.10.2009г.

  Единаесетата седница на У.О на АДКОМ се одржа на 19.10.2009 год во просториите на Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка.На оваа седница се извршија одредени дополнувања на веќе поднесената апликација на проектот за дефинирање на приоритети за реформи во комуналниот сектор како и за подобрување на работата на ЈКП. Ова е проект за кој АДКОМ аплицира во Норвешка во соработка со МЦМС и КС-од Норвешка .На оваа седница присуствуваше и Директорот на меѓународните проекти Г-дин Ојстин Хауген.

   Состанок со претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање - 08.10.2009г.

  На 08.10.2009г.се одржа состанок со Министерството за животна средина и просторно планирање на кој се дискутираше за состојбата со застарениот возен парк во јавните комунални претпријатија и можноста за заедничка набавка на комунални возила за сите ЈКП со помош на Министерството.
  Предлог проектот за заедничка набавка на комунални возила изработен од АДКОМ се даде на разгледување во Министерството со можност за негово реализирање.

   Состанок со Директорот на Управата за водостопанство 06.10.2009г.

  Претставници од Управниот одбор на АДКОМ заедно со Извршниот Директор на 06.10.2009 год. остварија средба со Директорот на Управата за водостопанство Г-дин Томески. На оваа средба беше укажано за новонастанатата состојба со зголемување на цената на сировата вода кај одреден број на ЈКП. Г-дин Томески на овој состанок истакна дека негов предлог е АДКОМ за овој проблем да се обрати до ресорното Министерство и до Владата на Р.М., бидејќи тој смета дека покачувањето на цената е издржано и дека водостопанските претпријатија мора да продолжат да работат.

   Работилница на тема: искуства од постоење и формирање на регулаторна комисија за формирање на цената на вода во соседните земји 02.10.2009 г.

  Работилницата се одржи на 02.10.2009 год во Охрид - Хотел Милениум, во организација на АДКОМ. На оваа работилница својот допринос со присуство и дискусија го дадоа гостите од Косово, Албанија, Црна Гора, претставници на донаторски куќи, Министерства како и претставници од ЈКП во Македонија. ...... повеќе   

   Донација од Австриска амбасада - 30.09.2009 г.

  Австриската амбасада преку својата техничка служба на АДКОМ додели донација од осумстотини водомери кои ќе бидат поделени во ЈКП. Водомерите се современи и истите ќе бидат доделени регионално во ЈКП кои имаат потреба од истите.